ФОТО: Би-Би-Си добиле видео од Исламски Џихад со двајца израелски заложници – постара жена и дете

Заложници од Израел земени од Хамас / Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Вооруженото крило на палестинската група Исламски џихад во Газа вечерва објави видео на кое се гледа една постара жена и едно младо момче кои се меѓу 240 заложници киднапорани од вооружените милитанти кои го нападнаа Израел на 7 октомври.

Би -Би-Си јавува дека го добиле видеото, кое е долго три минути, но нема да го прикаже бидејќи затворениците и заложниците се заштитени од меѓународниот хуманитарно право. Медиумот само опиша што има на видеото кое почнува со постара жена во 70-тите години која седи на инвалидска количка. Позадината од видеото е заматена. Во видеото, постарата жена вели дека и недостигаат децата.

„Се надевам дека ќе успеам да се видиме следната недела. Среќни сме и здрави и сакаме сите да бидат среќни“, вели таа.

Веднаш по неа, следува видео од дете, кое најверојатно не се наоѓа на истата локација како и жената.

Двајцата велат дека со нив добро се постапува и го критикуваат израелскиот премиер Нетанјаху.

Исламски Џихад соопштува дека е подготвен да ги ослободи двете лица од хуманитарни и медицински причини откако ќе се исполнат соодветните услови. Но, повеќе детали нема.

Засега, Израел не ја коментира снимката.

Се верува дека најголем дел од заложниците се во рацете на Хамас, но Исламски џихад, помала милитантна група во Газа која е сојузник на владејачкото движење на територијата, претходно изјави дека држи најмалку 30 заробеници.

Видеото е трета снимка со заложници што го објавија милитантите од Газа, кои досега ослободија четворица заробеници – последниот пар 85-годишни жени кои се вратија во Израел на 23 октомври.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот