„Бета шаркс“ со нови успеси на „Делфин Куп“ – Анастасовска и Тримчевски доминатни во грбно и градно

Фото: Анастасовска доминатна во дисциплината грбно

Викендов на Олимпискиот базен во скопје се одржа традиционалниот пливачки натпревар „Делфин Куп 2019” на кој учествуваа речиси сите македонски пливачки клубови.

ПК „Бета Шаркс“ од Скопје и на овој митинг се закити со медали и успеси.

„Позади нас е уште еден натпревар на кој настапивме со голема бројка на млади пливачишта! Некои со први натпреварувачки настапи, други веќе влезени во натпреварувачкиот процес, а трети со освоени први, втори или трети места, но сите мотивирани, среќни, желни со фер плеј и достоинствено да ги достигнат целите!

Антониј Симоновски освои прво место во севкупна конкуренција – 50м слободно. Сара Анастасовска освои две први места – 50м грбно и 100м грбно, едно второ место 50м делфин и едно трето место 50м слободно.  Теодор Тримчевски освои едно прво место- 100м градно и едно второ место – 50м градно. Калина Кузмановска освои второ место – 50м грбно.

Фото: Сара Анастасовска се закити со четири медали

Имаме млади пливачи кои за првпат стигнаа до медал и тоа: Матеа Мирчевска -второ место 50м слободно, Ангелина Џугуманова -трето место 50м грбно и Леона Величковска -трето место 50м делфин.

Вистинска радост е бројката на млади пливачи со кои настапивме (повеќе од 70 млади пливачи), но посебно сме горди на техничките способности и вештини кои ги покажуваат овие наши деца уште во првите натпревари од нивните почетоци во натпреварувачката кариера“, информираа од ПК „Бета шарск на својот фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот