„Беше премногу жешка…“: Бен Афлек и Шарлиз Терон снимиле експлицитна сцена што никогаш не била објавена
Сексот продава, но една сцена со Шарлиз Терон и Бен Афлек била оценета како премногу провокативна дури и за Холивуд. Контроверзната сцена од филмот „Игри со ирваси“ (Reindeer Games) никогаш не била прикажана, бидејќи продуцентите сакале да избегнат ознака NC-17.
Препорачано
Иако подоцна филмот добил продолжена режисерска верзија за домашно видео-издание, ниту тогаш не била вклучена експлицитната сцена.
Терон подоцна призна дека филмот го смета за едно од најлошите искуства во својата кариера, но истакнала дека никогаш нема да зажали што соработувала со легендарниот режисер Џон Франкенхајмер.
„Игри со ирваси“ (Reindeer Games), иако тематски поврзан со Божиќ, бил објавен во февруари и ја следи приказната за затвореникот Руди, кого го игра Бен Афлек, а кој по излегувањето од затвор го презема идентитетот на својот цимер од ќелијата.
Неговиот цимер претходно се допишувал со ликот на Терон, Ешли, без никогаш да ја запознае, па Руди решава да се претстави како него и да се сретне со неа.
По вечерата и првите разговори, двајцата завршуваат во колиба, каде што следува интимна сцена која, според Афлек, првично била многу поексплицитна.
„Мојата сцена со Шарлиз Терон беше премногу жешка“, изјавил Афлек. „Сексот некако се смета за поскандалозен од насилството. Искрено, мислам дека е обратно. Да, постоеше многу подолга, попровокативна и поеротична верзија на сцената. А не беше како навистина да имавме секс. Мислам, носев чорап!“, се пошегувал актерот.
И самиот Франкенхајмер признал дека сцената била толку експлицитна што предизвикала реакција кај Американската филмска асоцијација, поради што никогаш не била официјално објавена.
Без разлика на тоа, Шарлиз Терон подоцна изјавила дека „Игри со ирваси“ (Reindeer Games) бил „лош, лош, лош филм“, а ниту една жешка сцена немало да го промени нејзиното мислење.


