Беретини го заврши настапот на Вимблдон пред да излезе на терен: Позитивен е на коронавирус

Матео Береини/фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Италијанскиот тенисер Матео Беретини мораше да се повлече од Вимблдон бидејќи е позитивен а коронавирус. Минатогодинешниот финалист веста дека е позитивен на ковид-19 ја објави на својот профил на Инстаграм.

– Со скршено срце објавувам дека се повлекувам од Вимблдон. Имав симптоми на грип во последните неколку дена и се наоѓав во изолација. Можев да играм, но одлучив пред мечот да направам тест за да не го загрозам здравјето на истанатите тенисери. Не можам да опишам колку сум разочаран. Ќе се вратам посилен идната година. Во благодарам за поддршката – напиша Беретини.

Неговото место ќе го зазеде Елијас Имер.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот