Џони Деп како гитарист во групата „Холивуд вемпајрс“ / : Sebastien SALOM-GOMIS / AFP / Profimedia

Бендот предводен од Џони Деп заврши на суд поради откажан настап

Бендот предводен од Џони Деп се најде во центарот на вниманието откако европски промотор на концерти поднесе тужба за откажување на нивниот настап, пишуваат странските медиуми.

Бендот „Холивуд вемпајрс“, кој покрај Деп го сочинуваат пејачот Алис Купер и гитаристот Џо Пери, е предмет на тужба во федералниот суд во Тексас поради откажување на концерт планиран за јули 2023 година.

Во судките документи се вели дека концертот требало да се одржи на „Олимписките полиња“ во Словачка, каде што промотерот има свое седиште. Адвокатите на бендот бараат случајот да биде отфрлен, тврдејќи дека нема правна основа случајот да се разгледува во Тексас.

Промотерот тврди дека му платил на бендот 277.000 долари однапред за настапот и дека по откажувањето побарал враќање на парите, но не добил одговор.

Бендот го откажал концертот поради проблеми со локацијата и потенцијални безбедносни ризици.

Во објава на Инстаграм, тие во тоа време изјавија: „По пристигнувањето на локацијата во Словачка за да се започне со поставување на опремата за вечерашниот настап, брзо стана јасно дека изградбата на објектот не е завршена и не е безбедна ниту за бендот ниту за публиката. Бендот е многу вознемирен од овој несреќен пресврт на настаните и се надева дека ќе се врати кога распоредот ќе дозволи.“

Во судските документи, промотерот, исто така, навел дека Деп бил хоспитализиран поради „непознат медицински проблем“ во тоа време.

ВИДЕО | Емотивна порака на Ерик Дејн до неговите ќерки објавена еден ден по неговата смрт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот