Бен Афлек го напушти својот дом поради пожарите, а засолниште најде кај поранешната сопруга Џенифер

Фото: EPA/MIKE NELSON/Принтскрин.Јутјуб

Разорните пожари продолжуваат да ја пустошат областа во Лос Анџелес, а Бен Афлек е еден од многуте познати личности и жители кои ги напуштија своите домови. Педест и две годишниот актер беше принуден да го напушти својот имот вреден 20 милиони долари во вторникот, а „ТМЗ“ објави дека отишол во домот на поранешната сопруга Џенифер Гарнер.
Афлек и Гарнер имаат три деца заедно и сè уште не е потврдено дали Бен отишол во куќата на Џенифер за да го провери семејството или да остане во нејзиниот дом бидејќи беше принуден да го напушти својот.

Гарнер беше во брак Бен Афлек од 2005 до 2018 година , а од тогаш се до денес се во одлични односи иако медиумите своевремено  пишуваа дека таа воопшто не била во добри односи со, сега веќе поранешната сопруга, Џенифер Лопез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот