Батали тенис, Цонга и Пер приредија „фудбалско шоу“! (ВИДЕО)

Принтскрин/Twitter.com/tennisTV

Во еден момент Цонга и Пер одиграа поен каков што не е виден во тенисот. После еден сервис му испадна рекетот на Пер, а потоа немајќи каде, удри со нога и го префрли топчето на полето на ривалот.

Цонга го „прифати“ предизвикот, па покажа дека има одличен прием на гради, но и игра со главата. Пер на потегот на Цонга сакаше да возврати со „ножички“, но не така успешно, но на крајот двајцата тенисери ги одушевија гледачите на трибините.

Следуваа аплаузи и насмевки на лицата кај двајцата Французи, а поенот секако му припадна на Цонга. Секако, имаат причина за задоволство, бидејќи нивната земја е моментно светски шампион во фудбал.

Цонга на крајот триумфираше со 6:4 и 7:5 и во наредното коло ќе игра против Швајцарецот Роџер Федерер.

Уште еден француски тенисер, Гаел Монфис, имаше неверојатен потег, вреди да се погледне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот