Барти го остави тенисот и почна да освојува трофеи во голф!

Ешли Барти неодамна се повлече од тенисот/ фото: EPA-EFE/JONO SEARLE

Само десетина дека откако замина во тениска пензија, 25-годишната Ешли Барти, освои трофеј во друг спорт, голф

Барти се повлече од тенисот како лидер на ВТА ранг-листата, и на женскиот голф турнир во клубот Бриквотер во Бризбејн, Австралија, што заврши вчера успеа да триумфира со што го повтори успехот од пред две години кога исто така победи на овој турнир.

Триумфот на турнирот во Бризбејн ги подгреа шпекулациите дека 25-годишната Барти ќе започне професионална кариера во голф, а овие шпекулации се интензивираа откако медиумите дозна дека нејзиниот свршеник, австралискиот професионален голф играч, Гери Кисик, гради куќа во близина на голф клубот Бриквотер.

– Барти има одлично замавнување. Дефинитивно има талент да биде голферка – изјави пред две години, легендарниот голфер Тајгер Вуд кој тогаш играше егзибициски меч против Ешли Барти.

Барти во тениската кариера освои три гренд слем титули, Ролан Гарос 2019 година, Вимблдон 2021 и Австралија Опен 2022,  има и една титула во игра на двојки (УС Опен 2018 година).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот