Барса, Атлетико или Реал: Кој има најдобар тим за 2019/20? (ФОТО)
Барса ќе ја брани титулата, а дефинитивно очекува потешка сезона од лани, бидејќи мадридските ривали доведуваат квалитетни фудбалери во големата трка за шампионскиот трофеј.
Каталонците го ангажираа францускиот репрезентативец Антоан Гризман, дојде претходно и Френки де Јонг. Останува да се види летово дали навистина на „Камп Ноу“ ќе се врати бразилската ѕвезда Нејмар, а на тој пат најверојатно на продажба ќе се најдат Ракитиќ и Кутињо. Барселона сака да го има и Давид Алаба од Баерн Минхен во својата линија на одбрана, пишува каталонскиот весник „Мундо депортиво”.
Од Атлетико си заминаа Гризман, Родри, Годин, Лукас Ернандез…Раководството успеа да најде „идеални“ замени, така што на пример направи рекорден трансфер со младиот Жоао Феликс кој дојде од Бенфика за 126 милиони евра. Овој клуб е убедливо најактивниот во летниот преоден рок, кој за купување на вкупно осум одлични играчи потроши 255 милиони евра.
Реал успеа да го ангажира Еден Азар од Челзи, дојде и Лука Јовиќ, а одбраната ја освежија Менди и Милитао. Се шпекулира дека тука Зидан нема да застане, големи желби остануваат Пол Погба, Кристиан Ериксен…
Кој е вашиот фаворит за освојување на титулата во шпанската „Ла Лига“ во сезоната 2019/20?