Официјално: Гризман е нов фудбалер на Барселона!

Фото: fcbarcelona.com

Како што и веќе објавивме, адвокатите на Гризман тргнаа во акција да се откупи неговиот договор. Барселона ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра да се ослободи играчот од Атлетико.

Играчот официјално ќе потпише договор на пет години со Барса, односно ќе биде нејзин фудбалер до јуни 2024 година.

Веќе во договорот каталонскиот гигант ја вметна клаузулата, а таа изнесува неверојатни 800 милиони евра.

Со неговото доаѓање во Барселона, светскиот шампион направи уште еден чекор напред во својата кариера, со неговите перформанси промовирајќи се во еден од најдобрите фудбалери на светот.

Барса го дефинираше своето ново засилување како еден брз и опасен играч во контра нападите, постигнувајќи прекрасени голови од далечина, но и во прав момент знае да асистира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот