Адвокатите ја активираа клаузулата на Гризман (ВИДЕО)

twitter.com/sportsusa_net

Адвокатите на францускиот фудбалер Гризман како што најавија, тоа и го направија, депозит од 120 милиони во просториите на „Ла Лига“ и ја активираа откупната клаузула за трансфер на напаѓачот на „Камп Ноу“ ова лето.

Се користи опцијата од договорот и така се создадоа услови за решавање на двомесечната сага околу иднината на светскиот шампион.

Нареден потег се очекува официјалниот потпис на Французинот со Барселона на пет години, а тоа го очекуваме во наредните денови.

Без сомнение со доаѓањето во каталонскиот гигант, ќе бидеме сведоци на едно фантастично напаѓачко трио со Лионел Меси и Луис Суарез.

Гризман минатата сезона за „јорганџиите“ во најсилното шпанско фудбалско првенство имаше учинок од 37 натпревари и 15 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот