Гризман од јули во Барселона!? – Слободен печат
СпортФудбал

Гризман од јули во Барселона!?

Голгетерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ќе потпише договор на пет години со Барселона во трансфер вреден 85 милиони евра.

Како што пренесува францускиот „Л`Екип“, Грзман официјално ќе се пресели на „Камп Ноу“ на почетокот на јули кога излезната клаузула од договорот со Атлетико ќе падне од 200 на 120 милиони.

Францускиот репрезентативец во Барса ќе заработува 17 милиони евра годишно, шест помалку во Атлетико.

Претходно се поврзуваше и со трансфер во редовите на ПСЖ, но светскиот шампион да остане во Шпанија.

Гризман (28) реализираше 21 гол во текот на минатата сезона во сите натпреварувања, што му беше статистички најдобра од доаѓањето од Сосиедад во 2014 година.

„Јорганџиите“ воедно посакуваат во трансферот на Французинот да биде вклучен и десниот бек на каталонскиот гигант Нелсон Семедо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close