„Ла Лига“: Барди и Леванте стартуваат против Алавес!

Мечевите од првото коло во „Ла Лига“ ќе започнат на 17/18 август, а на стартот Леванте на Енис Барди ќе започнат на гостински терен.

Клубот на македонскиот репрезентативец на стартот ќе ги одмери силите против Депортиво Алавес.

И двата најголеми фаворити за шампионската титула ќе стартуваат на гости, шампионот Барселона ќе игра кај Атлетик Билбао, а Реал Мадрид оди во Виго кај Селта.

„Ла Лига“, сезона 2019/2020

Прво коло, двојки (17/18 август):

Селта Виго-Реал Мадрид
Мајорка-Еибар
Атлетико Мадрид-Хетафе
Еспањол-Севиља
Д. Алавес-Леванте
Валенсија-Реал Сосиедад
Реал Бетис-Ваљадолид
Легањес-Осасуна
Атлетик Билбао-Барселона
Виљареал-Гранада

Првото „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе биде во 10 коло на 26 или 27 октомври 2019 на „Камп Ноу“.

Возвратната пресметка на „Сантјаго Бернабеу“ ќе се игра во 26 коло на 29 февруари или 1 март 2020 година.

Целиот распоред на натпревари за сезоната 2019/2020 во шпанската „Ла Лига“ можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот