Рецепт за бадниковата трпеза: Ослич со компири, тиквички и чери домати

Фото: WIkimedia Commons

На Бадник, вечерта пред Божиќ се поминува со семејството, со вечерата што следува по внесувањето на бадниковото гранче во куќата.

Се верува дека трпезата треба да биде богата, полна со различни јадења, за следната година да биде полна со изобилство.

Доколку сè уште не сте одлучиле кои специјалитети од риба ќе се најдат на трпезата за Божиќ и Бадник, ви донесуваме еден рецепт.

Состојки:

– 1 кг помали компири
– сол
– 1 китка млад кромид
– 2 моркови
– 150 г чери домати
– 2 помали тиквички
– 3 лажици маслиново масло
– 300 г ослич
– мелен пипер
– една лажица мајчина душица
– 1/2 китка ситно сечкан босилек

Подготовка:

Измијте ги компирите и варете ги во солена вода околу 20 минути. Исцедете ја водата и поклопени оставете ги да отстојат уште некое време. Потоа излупете ги. Младиот кромид исчистете го, измијте го и исечете го на мали парчиња. Измијте ги и излупете ги морковите, па исечете ги по должина на четвртинки, па на стапчиња. Измијте ги доматите и исечете ги на половина. Измијте ги тиквичките и исечете ги на прстени. Морковите бланширајте ги во врела вода со неколку капки маслиново масло околу 3 минути, а потоа ставете ги под млаз ладна вода и исцедете ги. Измијте ја рибата и исечете ја на коцки. Посолете ја и забиберете.

Во тава загрејте една лажица масло и во него пропржете ја рибата. Извадете ја и оставете ја настрана. Остатокот од маслото сипете го во тавата и во него пржете ги компирите околу 8 минути. Додадете ги кромидот, морковите и тиквичките и пржете уште 3 минути. Додадете ја рибата, доматите и зачинските билки. Сè зачинете по вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот