Австралија Опен ќе започне во февруари под стрикни правила за сите учесници
Францускиот „Лекип“ пренесува дека најверојатно првиот грен слем, Австралија Опен ќе започне на 8. февруари, а ќе има и нови правила за учесниците.
Првиот годинешен грен слем турнир првично беше планиран да започне на 18. јануари но поради пандемијата на коронавирусот и ригорозните медицински мерки во Астралија, 1. февруари се споменуваше како најреално решение, но сега има нов датум.
„Лекип“ пишува дека предлогот е Австралија Опен да започне на 8. февруари, а Владата предложи уште неколку мерки поврзани со карантинот кои мора да се усвојат доколку организаторот сака да се игра тенис.
– Доаѓањето на учесниците ќе биде од 15. до 17. јануари.
– Без разлика на датумот кога пристигнале во „меурот“, до 31. јануари мора да бидат во карантин.
– Никој не смее да помине повеќе од пет часа дневно надвор од својата соба, а тоа време ќе биде поминато на тренинг, на терените, во теретана и за масажи и опоравување.
– Во Мелбурн парк, тенисерите и тенисерките ќе може да ги следи само еден член на тимот.
– Формирањето на паровите за тренинг ќе биде така што двајца играчи ќе тренираат еден со друг за време на две недели додека се во карантин. Доколку нечиј тест биде позитивен на коронавирус, следува задолжителен карантин од 14 дена.
– Тестовите за коронавирус ќе се прават на првиот, третиот, десеттиот и 14 ден од пристигнувањето.
Кога ќе заврши карантинот, на сите тенисери и тенисерки ќе им биде дозволено слободно да се движат во Мелбурн.