Арсовска ја почна постапката за враќање на споменикот на Ќосето пред судовите

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска почна постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред комплексот судови во Скопје, објави СДК. Споменикот беше отсранет во февруари 2018 година по налог на тогашниот градоначлник Петре Шилегов, бидејќи бил дивоградба. Шилегов тогаш кажа дека градежниот инспекторат на Општина Центар извршил увид на фактичката состојба и утврдил дека инвеститорот Град Скопје нема решение за поставување на овој споменик.

Сега градоначалничката Арсовска повторно сака да го врати споменикот на контроверзниот Андон Лазов-Ќосето (1855-1953), прикажан со кама в рака, познат во историјата како ликвидатор на ВМРО. Таа доставила барање до Општина Центар да се даде согласност  за постапката согласно која би почнала процедурата за враќање на споменикот на истата локација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот