Арсенал го пријави Илиев за натпреварите во Лига Европа

Фото:facebook.com/ilievdejan1

Македонскиот репрезентативен голман се најде на списокот играчи кај менаџерот Микел Артета за новата сезона во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Дејан Илиев е меѓу четирите голмански имиња на Арсенал пријавени за натпреварите во Лига Европа, сезона 2020/21.

Прва опција се очекува да биде Бернд Лено, следуваат новото засилување Рунар Рунаросон, Мет Мејси и Џејмс Хилсон.

Во составот не се најде еден од најискусните играчи во екипата, германскиот интернационалец Месут Озил кој нема меч од март годинава за „топчиите“.

Потсетување дека премиерлигашот ќе игра во групата „Б“ со Рапид Виена (Австрија), Молде (Норвешка) и Дандалк (Р. Ирска).

Составот на Арсенал за натпреварите во Лига Европа: Лено, Рунарсон, Мејси, Хилсон, Илиев, Белерин, Габриел, Холдинг, Соареш, Мустафи, Чемберс, Мари, Луиз, Колашинац, Тирни, Себаљос, Вилијан, Мејтленд-Нилс, Парти, Елнени, Џака, Лаказет, Обамејанг и Пепе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот