Апликацијата „Google Maps“ нѐ носи чекор поблиску до Ајфеловата кула или Емпајер Стејт Билдинг

unsplash

Ќе можете да добиете повеќе информации за знаменитостите како „Empire State Building“ во Њујорк или Пантеонот во Рим ако се во вашето видно поле, како и информации за тоа колку е оддалечена оваа знаменитост од вас и како да стигнете таму.

Со опцијата „Live View“ во склоп на апликацијата „Google Maps“, „Google“ ќе додаде неколку нови функции кои ќе овозможаат да видите проширена реалност преку реални објекти на вашиот смарт телефон.

Првично, ќе бидат поддржани 25 градови низ цел свет и тоа Амстердам, Бангкок, Барселона, Виена, Берлин, Будимпешта, Дубаи, Фиренца, Истанбул, Кјото, Куала Лумпур, Кјото, Лондон, Лос Анџелес, Мадрид, Милано, Минхен, Осака, Париз, Прага, Рим, Сан Франциско, Синдеј, Њујорк и Токио.

„Live Now“ ќе добие додатоци за споделување локации, прикажување на оддалеченост и упатство за тоа како да стифнете до личноста кое споделило локација со вас, попрецизни ознаки за да стане подостапни познатите улици, знаменитости и слично.

Новата опција би требало да стане достапна за сите уреди со „Android“ и „iOS“ оперативни системи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот