Апел на скршената Јулија: Молете се за моето девојче, Андријана во болка се бори за својот живот

Фото: Фејсбук

Пејачката и водителка Јулија утрово сподели трогателна објава за својата ќерка Андријана, која се бори со ракот на дојка, а во која апелира сите да се молат за неа. На Андријана, пред две години ѝ беше дијагностициран карцином на дојка.

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно сè. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господе помилуј, Оче спаси нас“, објави Јулија на својот профил на Фејсбук.

Храбрата Андријана две години се бори со тешката болест.

– Научив дека кога ќе му се насмевнете на животот и тој вам ќе ви се насмее со широка насмевка, уште повеќе ќе ги отвори портите и ќе ве втурне во изобилство. Животот велат е борба или Бог ги дава најголемите битки на храбрите, но сепак јас не се „борам” со животот, јас го живеам со полна пареа и еден ден во детали ќе ја раскажам мојата приказна за дружбата со кaнцерот – изјави лани уметничката Андријана Мациев во интервјуто за „Слободен печат“.

Андријана Мациев, очи в очи со канцерот: Не се борам со животот, го живеам со полна пареа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот