„Лани едвај застана да те сликаме со тортата, денес повторно одиш“, ќерката на Јулија се бори со ракот и прослави нов роденден

Пејачката и водителка Јулија сподели емоции за роденденот на својата ќерка Андријана, на која лани токму на истот ден и беше дијагностицираа рак / Фото: Архива на Слободен печат

Пејачката и водителка Јулија сподели емоции за роденденот на својата ќерка Андријана, на која лани токму на истот ден и беше дијагностицираа рак. „И еве сине мило, помина една година, ти застана на нозе, ти можеш повторно да одиш“, таа напиша емотивна објава и ја сподели на својот фејсбук профил. 

„Една година помина, лани на твојот роденден со тешка дијагноза, со болки, кои едвај ги ублаживме за да можеш да застанеш на нозе и да се сликнеме со роденденската торта, која едвај ја купивме. Со еден куп прашалници кои и не можевме да ги изговориме. Нè болеше сите, не знаевме веќе ни колку, ни каде сме, ама сепак не застанавме, се насмеавме, се сликнавме роденденски. Со верба дека и догодина ќе славиме. И еве сине мило, помина една година, ти застана на нозе, ти можеш повторно да одиш. Да се смееш, да сликаш, да ја шириш својата светлина. Му благодарам на Бога, понизно до земја и високо до небо“, вели водителката и мотивациски говорник Јулија. И додава: „Биди ми среќна моја Андријана, колку си силна ни покажа и продолжи да чекориш полна со самодоверба“, напиша таа.

И покрај потешкотиите со кои се соочува, Андријана е секогаш насмеана и полна со позитивна енергија.

-Научив дека кога ќе му се насмевнете на животот и тој вам ќе ви се насмее со широка насмевка, уште повеќе ќе ги отвори портите и ќе ве втурне во изобилство. Животот велат е борба или Бог ги дава најголемите битки на храбрите, но сепак јас не се „борам” со животот, јас го живеам со полна пареа и еден ден во детали ќе ја раскажам мојата приказна за дружбата со кaнцерот, изјави  уметничката Андријана Мациев во интервју за Слободен печат. 

Андријана Мациев, очи в очи со канцерот: Не се борам со животот, го живеам со полна пареа!

На социјалната мрежа Фејсбук, од неодамна е активна групата „Уметниците за Андријана Мациев“ каде бројни еминентни академски сликари и ликовни уметници ги постираат своите избрани уметнички дела кои се достапни во продажба по многу прифатливи цени, за сите кои ја сакаат уметноста и сакаат да ѝ дадат поддршка на ликовната уметница Андријана Мациев, во борбата со канцерот.

 

Видео на денот