Фото: EPA/JOEL CARRETT

АО: Ѓоковиќ го доби ривалот во четвртфиналето, Музети убедлив против Фриц

Италијанскиот тенисер Лоренцо Музети се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен со победата од 3:0 во сетови над Американецот Тејлор Фриц, со 6-2, 7-5 и 6-4.

Мечот траеше два часа и четири минути, во кои петтиот играч во светот беше многу подобар противник и заслужено се пласираше понатаму.

Во првиот сет, Италијанецот, по малку несигурен старт, двапати направи брејк на сервисот на противникот и лесно стигна до водство.

Вториот сет беше многу понеизвесен, со само две брејк топки видени до 11 гем, кога Музети повторно направи брејк и веднаш доби голема предност во следниот гем.

Еден брејк беше доволен и во третиот сет, а тоа се случи и во првиот гем. После тоа, Фриц немаше шанси за брејк, а неговиот противник лесно ја заврши работата.

Италијанецот ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ за своето прво полуфинале во Австралија.

Да потсетиме дека Ѓоковиќ директно без борба се најде меѓу најдобрите осум тенисери на турнири, откако поради повреда мечот го предаде Јакуб Меншик.

Ѓоковиќ и Музети досега меѓусебе одиграа 10 мечеви, а српскиот тенисер триумфираше девет пати.

Познати се уште две четвртфинални двојки на АО, Карлос Алкараз – Алекс Де Минор и Александер Зверев – Лирнер Тиен. Последниот пар ќе се дознае по мечевите Л. Дардери – Ј. Синер и Б. Шелтон – К. Руд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот