Ангеловска: Извозот на заштитна опрема е речиси 300 отсто поголем во април

N. Angelovska during Women in eCommerce, changing the current narrative. 3 April 2019. UNCTAD Photo / Jean Marc Ferré

Да се гордееме со домашните текстилни компании. Брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет!, напиша министерката за финансии Нина Ангелоска на својот фесбук профил.

Да се гордееме со домашните текстилни компании. Брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет!, напиша министерката за финансии Нина Ангелоска на својот фесбук профил.

– Извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300 отсто поголем во април споредено со април минатата година. Македонските маски и опрема ќе го заштитат здравјето на илјадници граѓани ширум светот, наведува во објавата.

Таа додава дека најмногу заштитна опрема според вредност сме извезле во  Германија, Катар, Холандија, Белгија и Австрија.

Оценува дека брзата адаптација е клучот за успехот.

-Се шијат и извезуваат:маски, скафандери, заштитни одела, па дури и торбички и футроли за маски. За 300% е зголемен извозот на ”други текстилни производи”: април 2020  390 милиони денари, април 2019  135 милиони денари,наведува министерката и додава дека тоа е пример за сите  и дека најбргу ќе ја пребродат кризата, оние кои најбрзо ќе се адаптираат.

Порачува да се обидеме да бараме можности во проблемите, наместо проблеми во можностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот