Ангеловска: Административците ќе добијат поголеми плати за 5 проценти

фото: Слободен печат

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска беше дел од конференцијата на „Erste Investors Breakfast“, при што најави дека вработените во јавната администрација веќе од овој месец ќе земат поголеми плати.

– Да ќе има зголемување на платите. Законот ќе помине по скратена постапка денеска и во законскиот рок, административците не само што ќе ги добијат платите, тие ќе бидат поголеми за 5 проценти – изјави Ангеловска.

Денеска по скратена постапка ќе биде донесен Законот, по што се очекува институциите брзо да реагираат и вработените во јавната администрација во законски предвидениот рок, најдоцна до 15-ти овој месец ќе добијат плати поголеми за пет посто.

Ангеловска потенцираше дека досега административците добија трипати зголемување на платите и дека јавната администрација е клучна за спроведување на понатамошните потребни реформи.

На прашањето од новинарите зошто досега се чекало да се донесе овој Закон и дека овие пари биле и претходно проектирани во Буџетот за оваа година, таа одговори.

– Средствата ќе бидат исплатени навремено, знаете дека секогаш се работи за административни технички процедури, но за жал некогаш се случува тие да доцнат по неколку дена, но важно е дека ќе бидат реализирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот