Анегдоти од животот на Ѓорге Балашевиќ

скриншот/Youtube
Фото: YouTube-принтскрин

Минатата година го изгубивме кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ кој беше еден од темелите на југословенската музичка уметност. Неговите песни ни се добро познати, а ова се интересни работи кои можеби не сте ги знаеле за поетот, пејач, уметник и емотивец.

Омилената песна на Џоле – Portret života mog

За сите љубители на Ѓорѓе Балашевиќ е многу тешко да издвојат омилена песна и самиот Џоле тоа го направи со тешко срце. Омилена песна му е „Portret života mog“. Стихот кој може да одбележи многу децении пред нас се однесува на добрите и лошите моменти во животот: „Ги додаде вистинските бои на тој портрет од мојот живот. Бранови на сина боја, сенка на лава, вител на зелена боја. И црното не го штедеше, но без него белото уште повеќе ќе избледеше. Без црно, белото не би вредело“.

„Prave si boje dodala na taj portret života mog. Talase plave, nijansu lave, vrtloge zelenog. A crni nisi štedela, ali bez nje bi bi bela još izbledela. Bez crne bela ne bi vredela“

Балашевик пишувал песни за Здравко Чолиќ

Кога ќе се спојат две музички визии, проиводот останува запишан во историјата. Ѓорѓе Балашевиќ напишал многу песни за Здравко Чолиќ. Некои од нив се: „Zbog tebe“, „Mađarica“, „Zločin i kazna“, „Svadbarskim sokakom“, „Sačuvaj me bože njene ljubavi“. Кога би навлегле малку подобро во текстот и музиката, би ви било сосема јасно дека овие песни ги напиша Панонскиот морнар.

Ѓорѓе Балашевиќ бил и писател на книги

Ако не сте знаеле, книгите се создадени како надградба на неговите песни. Сè што не можело да се вклопи во песната постои во книгите. Веруваме дека Ѓорѓе Балашевиќ ќе имаше уште многу да ни каже, доколку не се случеше немилиот настан. Ни останува да го читаме неговото четиво, практично да го проучуваме животот низ неговите реченици. Темата на неговите книги е различна. Без разлика дали зборува за залудноста на војната или за настаните од неговиот живот, тоа го прави на мајсторски начин.

ВИДЕО | Премиера на необјавена песна на Ѓорѓе Балашевиќ

Биле одлични пријатели со Мирослав Илиќ

Иако некој би рекол дека поради различните жанрови на творештво не можат да се замислат заедно, сепак тоа не било така. Џоле многу го ценел делото на Мирослав Илиќ, а од друга страна, Мирослав бил воодушевен од работата на Балашевиќ. Мирсолав еднаш го поканил на концерт, на што одговорил Ѓорѓе Балашевиќ. И доцнел, но беше познат по тоа. Во таа прилика Џоле облекол црна кошула која подоцна му ја подарил на Мирослав Илиќ. И после толку години, Мирослав Илиќ ја чува таа кошула и ја носеше во емисија посветена на животот на Мирослав Илиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @popqlt

Принова во семејството: Синот на Ѓорѓе Балашевиќ ќе стане татко за првпат

Бил нападнат поради песна

Сигурно сте слушнале за песната „„Računajte na nas“. Таа песна има силна политичка позадина. И токму поради оваа песна Балашевиќ бил наречен југоносталгичар, но тој сепак продолжи по свое. Оваа песна била вистинска химна во времето кога била објавена и многумина можеле да се поистоветат со неа.

Интимна преписка на Оливера и Ѓорѓе Балашевиќ во новото издание на стихозбирката „Допир на свила“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот