Принова во семејството: Синот на Ѓорѓе Балашевиќ ќе стане татко за првпат

Фото: Инстаграм

Синот на кантавторот и пејачот Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса Балашевиќ и неговата свршеница Николина ќе станат родители на девојче. Среќната вест ја објави неговата мајка Оливера, а ја потврди и самиот Алекса на својот инстаграм-профил.

„За нешто повеќе од три месеци ќе станеме родители на една малечка принцеза. Од моментот кога дознав дека пристигнува, таа нѐ иниспирира и нѐ зајакнува по бурата која е зад нас. За сите нови клинци и некои нови борци, да го направиме светот онаков што е“, напиша Алекса.

Обожавателите на Балашевиќ особено ги погоди еден симболичен детаљ – Алекса ќе го добие своето прво дете на 26 години, на истата возраст кога и Ѓорѓе ја доби својата прва ќерка Јована.

Свршеницата на Алекса, Николина е многу блиска со неговата мајка Оливера и тие честопати објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот