Интимна преписка на Оливера и Ѓорѓе Балашевиќ во новото издание на стихозбирката „Допир на свила“

Фото: Фејсбук/Ѓорѓе Балашевиќ/Инстаграм/Оливера Балаѓевиќ

Оливера Балашевиќ, вдовицата на непрежалениот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, ќе го прослави својот роденден на 29 април. На тој ден ќе биде претставено и обновеното издание на стихозбирката „Допир на свила“ на Ѓорѓе Балашевиќ, објави „Story“.

Изданието ќе биде збогатено со интимна преписка меѓу Оливера и нејзиниот покоен сопруг, а ќе биде објавена и негова нова песна.

„Таа не тагува, само ветрот ја свири пролетната соната – кога не е нејзино време“, напиша нивната ќерка Јована Балашевиќ, два месеци по смртта на нејзиниот татко, објавувајќи фотографија од нејзината мајка Оливера.

Фото: Инстаграм

Многумина ја критикуваа Оливера дека многу бргу ја соблекла црната облека и дека, според нив, е непримерно што носи шарена облека два месеци по смртта на нејзиниот сопруг. Исто така, таа ги избриша и сите заеднички фотографии со Ѓорѓе на социјалните мрежи, а на потписот на нејзината книга го стави своето моминско презиме Савиќ.

Бидејќи на нивните обожаватели не им беше јасно што се случува, Оливера се огласи и објасни зошто го вратила своето моминско презиме.

„На обвивката на книгата што е причина за моето огласување стои презимето Савиќ, моето моминско презиме и презимето на мајка ми, што ме чуваше во годините раскажани на страниците што следат… Го ставив тука од почит, наместо посвета, а малку и од суеверие, не баш како зајачка шепа, туку како крило на ангелот кој толку совесно бдеел над куќа во близина на Бегеј… Значи, нема никаков скандал, дури ниту мистерија околу тоа, или нешто што би можело да им конкурира на „задругите“ и короната во медиумите, во неколкуте преостанати весници и на таканаречените портали. Кога ќе се случи поради некоја причина да станете таканаречена „јавна личност“, најчесто ве поистоветуваат со „јавна сопственост“, па така се однесуваат со вас. Само ми олесна кога видов дека никој не објавил ништо за моите деца, за моето семејство, а со тоа и за мене, или за екстремниот недостиг на теми во оваа книга. Вистина е дека објавувањето вести главно се сведува на емитување од нечии лични објави на социјалните мрежи, но и овде има силни случајни и намерни грешки, малку од лигавост, малку повеќе од злоба…“, објасни Оливера пред неколку месеци.

„На некој начин се плашам од неа“: Ќерката на Балашевиќ откри која песна на нејзиниот татко избегнува да ја слуша

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот