„На некој начин се плашам од неа“: Ќерката на Балашевиќ откри која песна на нејзиниот татко избегнува да ја слуша

Ѓорѓе Балашевиќ и Јелена Беба Балашевиќ
Фото: Фејсбук/Ѓорѓе Балашевиќ / „Накси“ медиа

Јелена Беба Балашевиќ, ќерката на непрежалениот пејач и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, во своето гостување во емисијата „Моите 50“ на радио „Накси“ откри досега непознати детали кои се кријат зад песната „Наопака бајка“. Во емотивната балада, Ѓорѓе опиша трауматичен настан што неговата ќерка го преживеала во 1999 година. Имено, Беба доживеала сообраќајна несреќа и едвај спасила „жива глава“.

„Тоа е песната на татко ми што избегнувам да ја слушам. На некој начин се плашам од неа. Се сеќавам кога излезе од студиото, ми најави дека ќе направи песна поврзана со настан кој ми се случи во 1999 година, кога имав сообраќајна несреќа. Тешко бев повредена и тоа, за жал, остави трага на сите нас до крајот на животот“, изјави Јелена.

Таа вели дека тоа е единствената песна која ја избегнува бидејќи ја враќа во период кој изгледал „како тунел, без ни најмал зрак светлина“.

Исто така, Јелена откри дека наскоро изглегува комедија која ја напишал Ѓорѓе.

„Ѓоле напиша комедија, драма, прва и единствена театарска претстава. Секој негов збор заслужува да си го најде своето место пред публиката и на сцената, каде што беше апсолутен крал. Таа претстава ќе биде сѐ што е – Ѓоле!“, сподели Јелена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот