Фото: Aндреј Шошкиќ/Stony Brook Men's Basketball

Андреј Шошкиќ ќе игра за Универзитетот Јужна Флорида

Андреј Шошкиќ ја продолжува својата кариера во американската универзитетска кошаркарска лига НЦАА, но во нова средина, откако постигна договор со Универзитетот Јужна Флорида.

Поранешниот кошаркар на Работнички пред две недели објави дека го напушта Стони Брук, каде што ја играше дебитантската сезона, по што привлече интерес од повеќе универзитети низ САД.

Откако ги разгледал понудите, Шошкиќ ја избра Јужна Флорида, тим кој се натпреварува во Американската конференција и минатата сезона ја заврши на второто место со биланс 25 победи и 8 порази.

ВИДЕО: Шошкиќ гази во САД – Македонецот почна да дели и цепелини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот