Aндреј Шошкиќ / Stony Brook Men's Basketball

ВИДЕО: Шошкиќ гази во САД – Македонецот почна да дели и цепелини

Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ продолжува со одличните настапи во НЦАА лигата и како што напредува сезоната, сè повеќе се наметнува како еден од клучните играчи на Стони брук.

Шошкиќ како што изгледа настапува со се поголема самодоверба, што се одразува и врз неговата игра, но и врз атрактивноста на натпреварите на Сивулфс. Синоќа, Стони брук се врати на победничкиот колосек со триумф на домашен терен од 69-55, а македонскиот интернационалец повторно имаше значајна улога.

Тој мечот го заврши како втор најдобар стрелец со 10 поени, што му е седми натпревар по ред со двоцифрен учинок, а воедно беше и најдобар асистент на средбата со пет успешни додавања. Дел од нив беа вистински мајстории, вклучувајќи и атрактивни „цепелини“ кои ги кренаа на нозе и навивачите и коментаторите.

Со овој триумф, Стони брук се искачи на четвртата позиција во конференцијата со скор 7-5, а со оглед на преостанатите натпревари, тимот има реални шанси да се вклучи и во борбата за повисок пласман.

ВИДЕО: Шошкиќ белсна со „18-ка“ во НЦАА, но заврши серијата за неговиот Стони брук

Шошкиќ доминираше во историската победа на Стони брук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот