ВИДЕО: Шошкиќ белсна со „18-ка“ во НЦАА, но заврши серијата за неговиот Стони брук
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Шошкиќ и понатаму блеска на колеџ-паркетите во САД, продолжувајќи ја серијата на одлични настапи во НЦАА, иако неговиот Стони брук претрпе тесен пораз од Монмаут со 75-76.
Препорачано
Шошкиќ беше еден од најистакнатите поединци на натпреварот, постигнувајќи 18 поени пред домашната публика. За плејмејкерот ова беше шести меч во низа со двоцифрен поентерски ефект и вкупно 11-ти таков настап оваа сезона. Сепак, минималниот пораз ја прекина историската победничка серија од пет последователни триумфи, најдолга во историјата на машкиот кошаркарски тим на Стони брук.
splash 💦
💻 https://t.co/Gx8YMXzdUi (FloCollege)
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/NDp5mnb9MS
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) February 6, 2026
Нашиот интернационалец одигра извонредно второ полувреме, во кое ги постигна сите свои поени. Особено импресивен беше финишот, кога во последните две минути реализираше дури десет поени, оставајќи ги „Сивулфс“ во трка за победа до самиот крај. Шошкиќ беше прецизен и од линијата за три поени, погодувајќи четири тројки од шест обиди, а на својот настап му додаде и седум скока – реткост за играч на плејмејкерска позиција.
Со овој пораз, Стони Брук направи чекор назад во борбата за второто место во конференцијата, но сезоната е далеку од завршена. До крајот на регуларниот дел остануваат уште седум натпревари, а следниот предизвик за Шошкиќ и соиграчите доаѓа веќе утре, повторно пред домашната публика.


