Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина

фото: facebook/Andreas Trajkovski

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски уште еднаш потврди дека годинава е во врвна форма, а тоа го докажа со поставување нов државен рекорд.

После вчерашната победа на атлетскиот митинг во Штутгарт (Германија), со скок од 7,67 метри, Трајковски настапи на атлетски митинг во скокачки дисциплини во германскиот град Хетинген каде прескокна 7,91 метри (+1,9 м/с) што претставува негов најдобар скок во кариерата и нов македонски рекорд.

Досегашниот рекорд кој исто така беше поставен од Трајковски на 24 мај оваа година изнесуваше 7,79 метри.

Одличната серија на скокови:
1 скок – 7,71
2 скок – х
3 скок – 7,81
4 скок – 7,86
5 скок – 7,53
6 скок – 7,91

Денеска Трајковски трипати го соборуваше досегашниот македонски рекорд (во 3 и 4 скок). Овој резултат е со вредност од 1118 бодови според таблицата на Светкса атлетика и сигурно следната недела ќе придонесе за нов скок на Светската и Европската ранг листа.

Да потсетиме, Трајковски е моментно е на 22 место на Европската ранг листа, а на 70 позиција на Светската ранг листа во дисциплината скок во далечина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот