Американски новинар го брани Ѓоковиќ: Сите го напаѓаат Новак, а 50 проценти од тенисерите не се вакцинирани

Новак Ѓоковиќ откри кои му се целите до крајот на 2021 година/ фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Американскиот новинар Бен Ротенберг застана на страната на Новак Ѓоковиќ кога станува збор за вакцинирањето на тенисерите и тенисерките.

Премиерот на австралиската сојузна држава Викторија каде се наоѓа Мелбурн, градот каде се одржува Австралија Опен, им порача на сите тенисери и тенисерки дека мора да се вакцинираат доколку сакаат да настапат на грен слем турнирот.

Владата на Викторија, донесе одлука да забрани влез на сите странски државјани кои не се вакцинирани и со тоа им создаде голем проблем на организаторот кој веќе почна да размислува да го пресели турнирот во друг град во Австралија каде не се толку строги законите.

Новинарот Ротенберг вели дека ваквата одлука на владата на Викторија е безмислена.

– Сите зборуваат само за Новак, а никој не спомнува дека дури 50 проценти од тенисерите не се вакцинирани. За што зборува премиерот на сојузната држава Викторија? Тоа нема врска со разумна одлука. Сметам дека нивната одлука не е добра и сигурен сум дека нема да натера никого да се вакцинира доколку самиот тенисер не го сака тоа – изјави Ротенгерг.

Инаку, Бен Ротенберг е голем заговорник за вакцинација против коронавирусот и смета дека тоа е единственото решение со кое ќе се стави крај на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот