Tramp
Трамп/EPA-EFE/JIM LO SCALZO

„Американската доминација нема да биде доведена во прашање“, Трамп им се закани на уште пет земји

По апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американските сили за време на викендот, претседателот на САД Доналд Трамп упати серија остри пораки и предупредувања до повеќе држави, меѓу кои Колумбија, Куба, Мексико, Иран, но и до Гренланд, објави Си-ен-ен.

Трамп изјави дека целта на САД е да обезбедат „одржливи и просперитетни земји“ во нивното опкружување и нагласи дека „американската доминација на западната хемисфера никогаш повеќе нема да биде доведена во прашање“.

Особено внимание предизвикаа неговите изјави за Гренланд, за кој повтори дека е неопходен за американската национална безбедност, што предизвика остри реакции од властите во Гренланд и Данска.

Во однос на Колумбија, Трамп го нападна претседателот Густаво Петро, оставајќи отворена можност за американска „операција“ против трговијата со дрога, што колумбискиот лидер го отфрли како неосновано и навредливо. За Куба, американскиот претседател оцени дека режимот е пред колапс поради губењето на венецуелската поддршка, додека Хавана најави дека ќе го зачува сојузот со Каракас „по секоја цена“.

Трамп повторно го обвини и Мексико дека не прави доволно во борбата против нарко-картелите, а откри и дека ѝ понудил воена помош на мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум. Во исто време, тој упати закани и кон Иран, предупредувајќи дека САД ќе реагираат „многу силно“ доколку иранските власти продолжат со насилството врз демонстрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот