Објавена фотографија од заробениот Мадуро
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави фотографија на која се гледа заробениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, на бродот „УСС Иво Џима“. Фотографијата беше објавена кратко откако американските власти потврдија ново проширено обвинение против Мадуро.
Препорачано
На објавената слика, Мадуро е прикажан во сива тренерка „Најк“, додека во раката држи шише вода. Очите му се покриени со црна крпа, а на ушите има големи слушалки. Неговата сопруга Силија Флорес не е видлива на фотографијата, па затоа не е јасно дали е во негова близина.
Во исто време, Соединетите Американски Држави поднесоа ново обвинение против затворениот венецуелски претседател, кое сега ги вклучува неговата сопруга Силија Флорес и други лица.
Обвинението е поднесено во федералниот суд во Њујорк и започнува со тврдењето дека „повеќе од 25 години, венецуелските лидери ги злоупотребувале своите позиции на јавна доверба и ги корумпирале некогаш легитимните институции за да увезат тони кокаин во Соединетите Американски Држави“. Во документот се наведува дека „Николас Мадуро Морос, обвинетиот, е во центарот на таа корупција и дека, заедно со неговите соучесници, ја користел нелегално стекнатата моќ и институциите што ги уништил за да транспортира илјадници тони кокаин во Соединетите Американски Држави“.
Понатаму се наведува дека обвинетиот „денес води корумпирана и нелегитимна влада која со децении ја користела државната моќ за заштита и промовирање на нелегални активности, вклучително и трговија со дрога“.
Меѓу обвинетите е и синот на Мадуро, наведен како Николас Ернесто Мадуро Гера, познат и по прекарите „Николасито“ и „Принцот“.


