Американска здравствена студија: Носете две маски една преку друга!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Истражувачите на американската влада објавија дека потврдиле дека користењето на две санитарни маски една преку друга го забавува ширењето на коронавирусот подобро од користењето на само една маска, и дека ваквото користење на две маски им се препорачува на сите граѓани.

Државниот Центар на САД за контрола и превенција од болести (ЦДЦ) извести денес за резултатите од лабараториските експериметни со два модели на робот човечки глави, кои биле поставени на еден метар далечина, со чија помош провериле колку честички кои ги испуштила едната глава, другата ги „вдишала“.

Истражувачите откриле дека носењето на една хирушка, обична, платнена… маска блокирало околу 40 проценти од честичките, а кога платнената маска била ставена преку хирушката маска, околу 80 проценти од честичките биле блокирани.

Фото: Профимедиа

Кога и двете глави „вдишувале“ и „издишувале“ и ѝ двете биле под две маски, повеќе од 92 проценти од честичките биле блокирани, изјави др Џон Брукс од ЦДЦ, пренесува Си-Ен-Ен.

„Првиот предизвик е да се натераат луѓето да ги користат маските, а потоа да им се помогне да ги користат на најдобриот начин“, изјави Брукс.

ЦДЦ токму затоа ги ажурираше своите упатства за граѓаните, препорачувајќи им да стават по една платнена маска врз хирушката, прекривајќи поголем дел од лицето со цел вирусот да не може да пројде од ниту една страна.

Ова особено ќе помогне во случаите со новите соеви на коронавирусот, кои веќе се присутни во повеќето земји, но и кај нас, и кои се позаразни и поагресивни кога станува збор за пренесувањето од еден на друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот