Американска тиктокерка мора да ѝ плати 1,75 милиони долари на жената чиј сопруг ја изневерил со неа
Бренеј Кенард, популарна тиктокерка од Северна Каролина, мора да плати 1,75 милиони долари отштета на жената чиј брак го уништила, пишува „Пипл“.
Препорачано
Тужбата е поднесена според законот за „отуѓување на наклонетоста“, кој му дозволува на трето лице да тужи за прекинување на брак, и е на сила само во неколку американски држави.
Кенард, која има речиси три милиони следбеници на Тикток, е позната по своите видеа за начинот на живот, совети за шминкање и готвење, како и по видеата на кои јаде големи количини храна, таканаречено „мукбанг“.
Во мај 2024 година, Акира Монтагју поднесе тужба тврдејќи дека Бренеј е одговорна за крајот на нејзиниот брак со Тимоти Монтагју.
Според наводите во тужбата, Бренеј имала афера со Тимоти додека тој сè уште бил во брак со Акира, а таа наводно се фалела со тоа на социјалните мрежи. По нивниот развод, Тимоти Монтагју и Бренеј Кенард сега се во брак. Поротата пресуди во корист на Акира Монтагју по судењето.
Судија на Вишиот суд ѝ наложи на Кенард да плати 1,57 милиони долари за отуѓување на наклонетоста и дополнителни 250.000 долари за сексуален однос со сопругот на друго лице. Бренеј се застапуваше себеси на суд и тврдеше дека не е одговорна за распадот на бракот.
– Нивниот брак се распаѓаше со години – рекла таа, додавајќи дека верува оти е цел на тужбата единствено поради нејзината популарност.
Адвокатката на Акира Монтагју, Робонета Џонс, ги отфрли тврдењата дека Кенард била пијана во видеата од нејзиното танцување со Тимоти.
– Алкохолот не го оправдува „тверкањето“ врз сопругот на друга жена во бањата“, рекла Џонс.
Како дополнителен доказ, таа посочи објава од Снепчет на Кенард, во која тиктокерката коментирала дека Тимоти „го заслужува тоа“.


