Американките со светски рекорд го затворија СП во пливање

Унгарката Катинка Хосу на последниот ден од Светското првенство во пливање кое се одржува во Гвангжу, Јужна Кореја, триумфира на финалната трка на 400 метри мешано.

Со победата во Гвангжу, Хосу стана првата пливачка во историјата која го освоила златниот медал во истата дисциплина на пет Светски првенства. Доминацијата на Катинка Хосу на 400 метри мешано започна на СП во Рим 2009 година, а потоа следеа и златните медали во Барселона (2013), Казањ (2015), Будимпешта (2017) и сега во Гвангжу.

Фантастичната Унгарка победи со време од 4:30.39 минути и беше за секунда и половина побрза од Је Шивен од Кина, а на третото место се најде Ју Охаши од Јапонија. Хосу триуфира и на трката на 200 метри мешано.

На последната дисциплина на СП, штафетата на 4х100 метри мешано, беа соборени два светски рекорди. Очекувано триумфираа Американките кои настапија во состав, Реган Смит, Лили Кинг, Келси Далиа и Симоне Мануел и притоа го соборија светскиот рекорд . Новото најдобро време во оваа дисциплина сега изнесува 3:50.40 минути  беше за секунда и половина побрзо од претходниот рекорд кој исто така беше во сопственост на пливачките од САД.

На истата трка беше соборен уште еден светски рекорд, Реган Смит која беше во првата замена, делницата од  100 метри грбно ја исплива за 57.57 секунди и го собори рекордот на нејзината сонародничка Кетлин Бејкер поставен минатата година.

На последниот ден, златен медал освоија уште и Јапонецот Сето на трката на 400 метри мешано, Симоне Мануел од САД победи и на спринтот на 50 метри во женска конкуренција, а Германецот Флоријан Велброк е нов светски шампион на 1.500 метри.

Американката Лили Кинг ја одбрани титулата на 50 метри градно, а во машка конкуренција на 50 метри грбно победата ја однесе Зејн Ведел од Јужна Африка. Изненадување направија Британците кои победија на машката штафета на 4х100 метри мешано, пред фаворизирана штафета на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот