Алушовски: Треба да се погледнеме, ова е тежок пораз за мене, за навивачите..!

epa09110874 Vardar head coach Stevce Alusevski reacts during the EHF Champions League round of 16 match between HC Vardar 1961 and Telekom Veszprem HC in Skopje, Republic of North Macedonia, 01 April 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вардар 1961 е пред елиминација во Лигата на шампионите, вечерва во првиот натпревар од осминафиналето во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје загуби убедливо со резултат 27:41 од Веспрем.

За „црвено-црните“ останува само да се претстават во што подобро светло на реванш мечот во Унгарија кој ќе се игра седум дена подоцна, на 8 април исто така од 18.45 часот.

Тренерот на Вардар 1961, Стевче Алушовски:

– Најпрво да му честитам на тимот на Веспрем за големата победа во Скопје и да честитам без разлика што треба да се игра уште еден натпревар на теренот на противникот за пласман во четвртфиналето. За мечот денеска можам да кажам дека отворивме многу лошо, во ситуации кога имавме двајца играчи повеќе на теренот, Веспрем направи 4:0, со четири голови во низа. Но, што е тука е, секогаш нели треба да се гледа и во ваков пораз можам да кажам дека понекогаш е подобро да се остане дома, отколку да се игра ваков натпревар, меѓутоа од секој меч мора да се извлечат поуки. Треба да се погледнеме, да видиме каде сме, тежок пораз, да видиме каде сме, за клубот, за навивачите, за претседателот, за мене како тренер. Мора да се гледа напред, ќе се потрудиме во Веспрем да бидеме подобар противник од ова што бевме денеска и и да одиграме подобро.

Ракометарот на Вардар 1961, Јосип Векиќ:

– Како што кажа тренерот, многу лошо го отворивме натпреварот, направивме грешки, тоа противникот го казнуваше со лесни голови и тука ја направија разликата која беше тешко подоцна да се стигне. Имавме две ситуации „6 на 4“ каде што не успеавме да им се приближиме и потоа нивната предност само растеше. Сакам да им честитам на ракометарите на Веспрем на заслужената победа.

ЛШ: Вардар е плиток за Веспрем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот