ЛШ: Вардар е плиток за Веспрем

epa09110953 Veszprem's Vuko Borozan (L) in action against Vardar's Gleb Kalarash (R) during the EHF Champions League round of 16 match between HC Vardar 1961 and Telekom Veszprem HC in Skopje, Republic of North Macedonia, 01 April 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометарите на Вардар загубија со 27:41 од Веспрем во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите и веќе мислите слободно може да ги насочува кон домашните натпреварувања. Иако добрата форма во последниот период која донесе убедлив триумф на домашниот ривал Е. Пелистер, беше добра најава за возбудлив натпревар, случувањата во салата во СЦ „Јане Сандански“ беа поинакви. Унгарскиот тим немилосрдно ја казнуваше секоја грешка на ракометарите на Вардар кои пак од друга страна имаа премногу технички грешки, а и голманите Ристовски и Кантегрел немаа свој ден.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вардарци лошо го почнаа натпреварот, првиот гол го постигна во петтата минута преку Гоце Георгиевски.
„Црвено-црните“ потоа не искористија и предност од двајца ракометари повеќе, Веспрем успеа да постигне два гола и да поведе со 2:4.
Вардар по втор пат имаше предност од двајца играчи повеќе во поле и повторно не успеа да ја намали негативата и тоа по заслуга на голманот Коралес.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лошата игра во нападот резултира само со четири постигнати голови по 17 минути игра.
Од друга страна, Веспрем безмилосно ги казнуваше сите технички грешки, и во 20. минута  веќе имаше предност од седум гола (7:14).
Шест минути подоцна Вардар веќе имаше двоцифрена негатива (8:18), а со идентична разлика се замина и на одмор.

Во првиот дел, доминираше дуелот на Веспрем, Јахја и Маргуц кои постигнаа по пет гола, додека кај Вардар најрасположен за игра беше Иван Чупиќ кој исто така даде пет гола.

Второто полувреме започна како што заврши првото, со технички грешки на вардарци по кои Веспрем дојде до предност од 13:26 по што до крајот на натпреварот единствена непознаница беше со колкава разлика ќе победи унгарскиот тим.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во 56. минута Вардар ја имаше најголемата негатива од минус 16 (23:39) по голот на поранешниот вардарец, Данил Шишкарев.

Иван Чупиќ беше најдобар во редовите на Вардар со осум постигнати голови, додека Стоилов и Георгиевски дадоа по три. Кај Веспрем, Маргуц даде осум гола, а Јахма седум.
Реваншот кој ќе се игра наредната седмица ќе претставува чиста формалност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот