Алкараз пред Австралија опен: Сега сум на 70 или 75 отсто од полниот потенцијал

EPA-EFE/JOEL CARRETT

Светскиот рекет број два смета дека треба да се подобрува пред се во два аспекта, ментално и физички

Карлос Алкараз со 20 години веќе е комплетен тенисер способен да ги освои најголемите титули. Но, Шпанецот не е задоволен со себе.

Во едно неодамнешно интервју за Ле Фигаро, тој зборуваше за неговото ниво на игра и за сите работи што може да ги подобри.

– Јас сум на 70 или на 75 отсто од полниот потенцијал, веројатно. Имам многу работи за подобрување. Мојот тенис е добар, но исто така треба да се подобрам во два аспекта, ментално и физички, така што тоа е мешавина од сите тие работи. Имам само 20 години и имам уште многу простор за подобрување. Бидејќи тенисот постојано се развива, мора да се прилагодувате и да еволуирате со него – вели Алкараз.

За потсетување, светскиот рекет број два ќе се соочи со Французинот Ришар Гаске во првото коло на Австралија Опен што почнува в недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот