Алкараз ја одбрани титулата во Барселона, Лајовиќ најдобар на турнирот во Бања Лука

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Карлос Алкараз, вториот тенисер на светот, ја одбрани титулата на турнирот од АТП серијата 500 во Барселона.

Шпанецот во големото финале го совлада петтиот светски рекет, Стефанос Циципас од Грција, со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:4 за 80 минути игра.

Тенисерот од Мурсија така ја потврди одличната форма, ова му беше деветта титула во кариерата, а трета оваа сезона, откако претходно ги освои Буенос Ајрес и Индијан Велс.

Душан Лајовиќ од Србија е победник на турнирот во Бања Лука (Босна и Херцеговина) откако 2:1 во сетови 6:3, 4:6, 6:4 во завршната битка за пехарот беше подобар од Русинот Андреј Рубљов.

За Лајовиќ ова е втора професионална титула во неговата кариера, првата ја освои во 2019 година во Умаг. Не само што ја прекината серијата на Русинот од осум победи во низа, туку на овој турнир триумфираше над двајца играчи од Топ 10.

Претходно во четвртфиналната фаза го елиминираше сонародникот и прв светски рекет, Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот