Алесандра Амброзио побегна на Малдивите (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Пандемијата на одреден период ја оддели од патувањата, но сега згодната бринета се упати на омилената тропска дестинација…

Бразилскиот топ модел Алесандра Амброзио едвај го дочека својот прв службен годишен одмор надвор од САД каде што живее долги години. Таа веднаш се упати на својата омилена тропска дестинација – Малдивите.

Иако патувањата надвор од земјата за сите граѓани на САД беа невозможна мисија, изгледа дека супермоделот Амбросио конечно се одлучи да го искористи двојното државјанство и храбро се упати кон Малдивите.

Фото: Инстаграм

Атрактивната Бразилка поголем дел од летото го помина во Калифорнија. Таа беше активна на популарната плажа Малибу каде деновите ги поминуваше играјќи одбојка на песокот и фалејќи се со својата неверојатна фигура.

Меѓутоа, самиот крај на август Алесандра го резервираше за романтично патување со својот партнер Никола Оди, со кој е во врска во последните две години.

Фото: Инстаграм

– Повторно сум на своето среќно место, се пофали Амброзио под објавата на фотографиите од Малдивите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот