Албанската „министерка“ за јавни набавки, Диела

Албанската министерка создадена со вештачка интелигенција е бремена, очекуваме 83 деца, рече Рама

Неколку месеци откако беше претставена првaта министерка создадена со вештачка интелигенција во Албанија, премиерот Еди Рама објави дека таа е „бремена“. Тој во своето обраќање на Глобалниот дијалог (BGD) во Берлин, рече дека министерката Диела треба да „роди“ 83 „деца“ со вештачка интелигенција, по едно за секој пратеник од Социјалистичката партија во парламентот, кои ќе служат како дигитални помошници во салите на власта, објави Metro.

„Денес презедовме доста голем ризик со Диела и се снајдовме многу добро. Значи, за прв пат, Диела е бремена и има 83 деца“ рече Рама.

Тој објасни дека „децата“, или помошниците, ќе ги документираат сите парламентарни постапки и ќе ги известуваат пратениците за сите дискусии или настани на кои не можеле да присуствуваат.

„Секој од нив ќе служи како помошник за оние кои ќе учествуваат на парламентарните седници и ќе води евиденција за сè што се случува и ќе предлага членови на парламентот. Овие деца ќе ја познаваат својата мајка“, рече тој.

ВИДЕО: Виртуелната албанска „министерка“ Диела се обрати преку Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот