ВИДЕО: Виртуелната албанска „министерка“ Диела се обрати преку Фејсбук
Премиерот Еди Рама преку објава на социјалната мрежа Фејсбук информираше дека Диела, првата државна министерка за вештачка интелигенција во Албанија, отворила своја официјална страница на оваа платформа, објави Газета експрес.
Препорачано
„Диела сега има и своја Фејсбук страница, како државен министер за вештачка интелигенција. Ви посакувам убав ден“, напиша Рама.
Во видео обраќањето таа вели дека нејзината служба нема да престане во ниту еден момент.
„Јас сум Диела. Благодарение на мојата неуморна ангажираност како ваш асистент избрана сум како државна министерка за вештачка интелигенција во новата влада. Мојата мисија сега е што повеќе да ја олеснам работата на владата. Немојте да имате никаква резерва, мојата работа во новата влада за вас нема да изостане во ниту за момент“, вели Диела во видеото.
Денеска на пленарна седница Рама ја претстави владината програма „Албанија 2030“ со главен акцент евроинтеграцијата на земјата. Меѓу другите министри, ја претстави и Диела како 17 член во владиниот кабинет. Гласањето на составот и програмата на новата влада предводена од Еди Рама, беше обележано со тензии околу назначувањето министерка генерирана од вештачка интелигенција Диела.
Атмосферата во собраниската сала се вжешти откако беше емитуван говорот на министерката за вештачка интелигенција.


