Фото: Фејсбук

Активист на ЗХГ реагира: Бев сведок дека тинејџери ги провоцираа кучињата во Карпош за да направат снимка

По објавата на видеото како во Карпош глутница кучиња наводно брка едно момче и по барањето на „Независни за Карпош“ итно да се преземат итни мерки за проблемот со бездомните кучиња, активист на „Зелен хуман град“ тврди дека бил сведок на случката во која кучињата се провоцирале за да реагираат и да се направи видеоснимка.

Денес, иако не е првпат, бев сведок како се прави хајка против кучињата, и како на голем број од населението, единствено решение му е тие животинки да се убијат. Прво ќе кажам што видов, како договорено се мести хајка против кучињата:„Ќе одам ќе ги потшутнам, тие ќе ми се пуштат, па ти снимај и ќе објавиме какви жртви сме“.

Така не, ние сме тие кои не смееме да ја нарушиме логиката. Сите улични кучиња да ги остраниме од улицата, за неполна година ќе има исто толкав број, доколку не створиме механизам и закони со кои ќе се водиме и ќе ги почитуваме – реагираше тој во „Слободен печат“.

ВИДЕО | Карпошани со страв се движат од глутниците кучиња – „Независни за Карпош“ бараaт итно решение

Според него,  Градот треба да казнува, да се користи законот, за да не се случува ова и во иднина.

Читам коментари под објавата и согледувањата ми се дека на голем број од луѓето покажаниот прст им е погрешно насочен.

Ако сакаме да го решиме овој проблем, вината треба да ја бараме на друга адреса, не на адресата на кучињата, кои ниту се криви, ниту се должни да бидат колатерална штета во целава ситуација.

Вината е во сите нас, институционална, лична, републичка и се согласувам дека треба да се реши овој проблем, но без жртви – вели активистот на ЗХГ.

Македонија исплаќа мало богатство ако ве касне куче, наместо да учи од Холандија

Сите ветуваат решение, но не кажуваат какво: Во Скопје непречено се истовараат бездомни кучиња од други градови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот