Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Карпошани со страв се движат од глутниците кучиња – „Независни за Карпош“ бараaт итно решение

Итно да се преземат конкретни чекори за решавање на проблемот со бездомните кучиња и глутниците низ Карпош,  кој ескалира од ден за ден, а само последниов месец имаше неколку напади на луѓе, покрај Сити мол и на кеј, а прашање на време е кога ќе се случат нови, апелираат од „Независни за Карпош“

Бараме итно формирање кризен штаб во Општина Карпош, сочинет од вработени во општината, претставници од Град Скопје и по можност од другите општини во градот, лица од МВР, АХВ, „Лајка“ и по потреба ветеринари кои работат на територија на општината. Кучињата кои се идентификувани од други општини (како пример Кичево) или држави (Албанија), да се вратат назад под итно и да се идентификуваат чинителите со помош на МВР и камерите на сејф сити и соодветно санкционираат – велат од граѓанската иницијатива, од каде испратиле барање до градоначалникот до Карпош за да преземе конкретни активности за решавање на проблемот.

Покрај тоа, оттаму посочуваат дека треба да се проверат камерите за веќе пријавените денови и локации кога е јавено дека е истоварена група бездомни кучиња во Карпош и да се даде извештај што е направено по ова. Бараат и да има постојани патроли на сите влезови и излези од општина Карпош кои ќе проверуваат возила во кои може да се транспортира група на кучиња.

Карпош не може да се справи со нови и нови глутници на бездомни кучиња на своја територија. „Лајка“ не може да постигне со заловување на истите, потребна е помош, а и нивниот дел е да ги вратат назад каде ги нашле, што не го решава проблемот воопшто. Бројот на бездомните кучиња само во делот околу Сити Мол и кејот е над 30тина, според сведоштва на жители и постојано расте. Во последниот месец имаше неколку напади на луѓе, покрај Сити Мол и на кеј, а прашање на време е кога ќе се случат нови, како што е и вчерашното давење мачки на улица Невеска во Карпош 4. Родителите со право се загрижени за своите деца, после чести напади од глутници на кучиња, посочуваат од „Независни за Карпош“.

Тие сметаат дека Општината не смее да дозволи граѓаните да живеат во страв или да преземат мерки на своја рака, кои би го загрозиле животот на животните и луѓето, а што реално може да се случи поради оправданата паника која расте меѓу жителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот