Актерот од „Сопранови“ пронајден мртов, покрај него имало и бел прав (ВИДЕО)

профимедиа

Актерот Брајан Тарантино, кој домашните гледачи го знаат по улогата во серијата „Сопранови“, но и од серијата „Девојките на Гилмор“, е пронајден мртов, пренесува американскиот портал Ти-ем-зи.

Полициските извори тврдат дека телото на 60-годишниот актер било пронајдено во саботата наутро во неговиот стан на Менхетн. Според првите информации, причина за смртта на актерот е предозирање.

Како што пишуваат странските медиуми, на актерот околу 17 часот му дошла во посета внуката и го нашла неподвижен на каучот. Повикала брза помош, но веќе било прекасно. Наводно покрај неговото тело бил пронајден и бел прав.

Портпаролката на актерот Лори Смит изјави дека нејзиниот клиент во последно време бил болен и дека во домот се опоравувал.

„Го познавам со години, беше неверојатен, многу талентиран актер и многу драга личност. Многу сум шокирана и тажна“, изјави таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот