Актерката „скршена“ од тага: Владимир ја однесе ќерка ми во Украина и никогаш не ја врати

Хајден Панетијер и Владимир Кличко / Фото: EPA-EFE

Актерката Хајден Панетиер (33) во овонеделната нова епизода на шоуто „Red Table Talk“ раскажала дека мислела дека нејзината ќерка Каја ќе оди само да го посети татко ѝ Владимир Кличко (46) во Украина, а не дека ќе остане таму засекогаш.

Актерката во разговорот со ко-водителите Џејда Пинкет Смит, Адриен Банфилд Норис и гостинката Кели Озборн за старателството над нејзиното единствено дете, ќерката Каја. Во 2018 година, среде нејзината борба со зависноста од алкохол и таблети, Каја отиде да живее во Украина со нејзиниот татко, боксерскиот шампион Владимир Кличко, од кого Хајден се разведе таа година.


– Таа имаше речиси три години и тоа не беше целосно моја одлука. Всушност, не ни знаев дека тоа се случува додека таа веќе беше таму – признала Хајден.

Потоа водителката Адриен побарала да ја објасни ситуацијата бидејќи сите мислеле дека со Кличко склучила таков договор за старателство.

– Сакав да работам на себе и да се оздравам, а кога ќе се чувствувам подобро, работите ќе се променат и таа ќе дојде кај мене, а јас ќе можам да поминувам време со неа. Но, тоа не се случи – изјавила актерката.

Хајден Панетијер и Владимир Кличко / Фото: EPA/ANDREAS PESSENLEHNER

Хајден рекла дека мислела дека Каја одела само да го посети татко ѝ бидејќи цело време била на релација Нешвил-Украина, но штом дошла во Украина, Кличко рекол дека сака целосно старателство над нивната ќерка, што било шок за актерката.

– Беше многу вознемирувачки да се потпишат тие документи за да му се даде целосно старателство. Тоа беше најтешкото нешто што некогаш сум морала да го направам во мојот живот – додала Панетиер.

– Во земја каде што нејзиниот вујко (Виталиј Кличко) е градоначалник и тие таму се икони, тоа е земја во која доминираат мажи, не можев многу да направам за тоа – се пожалила и раскажала колку ѝ било тешко да биде одвоена од ќерка си.

– Се сеќавам дека татко ѝ ми се јави и ми рече: „Каја оди наоколу и прашува други жени дали може да ги нарече мама.“ Го изгубив здивот, срцето ми застана. Ми се смееше, мислеше дека тоа е смешно, но за мене беше ужасно. Тој не сфати – се присетила актерката, која смета дека тој потег на нејзината ќерка била „травматична реакција“ на разделбата од неа.

Поранешната свршеница на Кличко отворено зборува за зависноста: Го допрев дното

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот