Поранешната свршеница на Кличко отворено зборува за зависноста: Го допрев дното

Хајден Панетијер и Владимир Кличко / Фото: EPA-EFE

Актерката, пејачка и модел Хајден Панетијер, поранешната свршеница на украинскиот боксер Владимир Кличко, за првпат проговори за својата зависност.

32-годишната актерка со години се борела со зависност и постпородилна депресија, а открила како изгледал нејзиниот пат до закрепнување. Таа откри дека имала само 15 години кога некој од тимот почнал да ѝ нуди, како што ги нарече, „таблети за среќа“.

„Требаше да ме развеселат за време на интервјуа и појавувања на црвениот тепих. Немав поим дека тоа е она што ќе ми ја отвори вратата кон мојата пропаст. Секогаш кога мислев дека го допрев дното, се отвораше вратата за нови замки“, изјави таа за магазинот „People“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Кога кариерата ѝ тргнала во нагорна линија, Хејден почнала да конзумира сè повеќе алкохол и опијати. Кога се будела наутро, можела нормално да функционира само со алкохол и „дрогата и алкохолот ѝ станале нешто без кое не можела да живее“.

Тоа била и причина за колапсот на нејзината љубов со Владимир Кличко

Хајден Панетијер и Владимир Кличко / Фото: EPA/ANDREAS PESSENLEHNER

„Не сакаше да биде во моја близина. И јас не сакав да бидам во своја близина. Бев во циклус на самоуништување“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hayden Panettiere (@haydenpanettiere)

Пред четири години таа донела одлука нејзината ќерка да оди да живее со нејзиниот татко.

„Тоа беа навистина тешки години. Во мојот живот преовладуваше сивило. Тоа беше најтешкото нешто што некогаш морав да го направам, но сакав да ѝ бидам добра мајка“, објаснила Панетиjер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Откако се заразила со жолтица и се соочила со откажување на црниот дроб, Хејден заминала на осуммесечна рехабилитација. Минатата година била подложена на трауматска терапија и болничко лекување. Таа изјави дека конечно го нашла мирот по кој копнеела.

„Вложив многу труд во себе и морав да бидам брутално искрена. Воопшто не беше лесно. Но, не се каам ниту за најгрдите работи. Сега се чувствувам неверојатно. Како да имам втора шанса“, изјави актерката. „Многу сум благодарна што повторно сум дел од овој свет и никогаш повеќе нема да го земам здраво за готово“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот