Актерката Ејми Шумер откри дека има Кушингов синдром: Се чувствувам преродено откако ја добив дијагнозата

Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

На актерката и комичарка Ејми Шумер ѝ е дијагностициран Кушингов синдром, ретка болест предизвикана од долготрајните ефекти на покаченото ниво на хормонот кортизол, често придружено со дијабетес, хипертензија и остеопороза.

Кушингов синдром може значително да го наруши квалитетот на животот на пациентот, што е токму она што се случува и со Ејми. Имено, на почетокот на овој месец таа гостуваше во шоуто на Џими Фалон, по што многумина на социјалните мрежи коментираа дека нејзиниот изглед се променил и дека изледа многу подуено.

Ејми одговори велејќи дека моментално се случуваат некои „медицински и хормонални работи“ во нејзиниот свет, но додаде дека е добро. Потоа, актерката ја откри својата дијагноза во билтенот „Њус нат нојс“ на Џесика Јелин.

Во отворениот разговор, Ејми вели дека се чувствува „преродено“ откако ја добила дијагнозата, по неизвесна серија тестови за да се утврди што ѝ се случува.

„Да откријам дека имам таков вид на Кушинг што ќе се реши сам по себе и дека сум здрава…Тоа беше најголемата вест што може да се замисли. Беа луди неколку недели за мене и моето семејство“, изјавила актерката.

Таа додаде дека се чувствува мотивирана да ја открие дијагнозата во јавноста со цел да се заложи за здравјето на жените.

„Критиката на нашите тела кои постојано се менуваат е нешто со кое се занимавам долго време и сум сведок на тоа. Многу сакам жените да се сакаат себеси и да бидат немилосрдни кога се борат за сопственото здравје во систем кој обично не им верува“, заклучила Ејми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот